Тошковски: Побарав од службите максимално професионално да го расчистат случајот
„Во однос на инцидентот кој се случи изутринава пред угостителски објект на територија на СВР Скопје, а во кој се инволвирани полициски службеници, сакам да ја известам јавноста дека најостро осудувам секаков вид на насилство, а особено кога истото е сторено од страна на вработени во министерството за внатрешни работи“, напиша министерот за внатрешни работи на Фејсбук.
„За наведниот настан веднаш е известен надлежен јавен обвинител кој даде насоки по кои во моментов се постапува, а од страна на надлежните служби во министерството побарав да се постапи максимално професионално и согласно стандардните оперативни процедури, сè со цел во најбрз можен рок да се расчисти овој случај, а за исходот од преземените дејствија веднаш ќе биде известена јавноста“, дополни министерот Тошковски за настанот во кој вчера полициски службеник кој не бил на должност нападнал колега кој вршел службени дејствија.
Ново на Сител
-
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан
-
Мицкоски на средби со дијаспората во САД
-
Како да се спречи одливот на работници?
-
Од Скопје ќе се лета до Париз и Женева – Воведени две нови авиолинии
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на средба со иселеници во Њу Џерси
-
Седница на ЦУК за координација на системот за управување со кризи
-
Охрид: Неопходна е заедничка соработка за заштита на регионот