Македонија
22. January 2025 - 12:23
Охрид: Неопходна е заедничка соработка за заштита на регионот
Преголемата урбанизација и дивоградбите се едни од главните закани по природното и културното наследство на Охридскиот регион но и една од причините за загадување на воздухот.
Странските експерти посочуваат дека културното наследство мора да се заштити соодветно во спротивно неговата загуба ќе биде непроценлива.
Охридскиот градоначалник Пецаков смета дека поголемиот дел од препораките на Унеско се завршени но истото треба да го направат и соседните општини додавјаќи дека неопходна заедничка соработка и со Албанија за заштита на регионот.
Покрај дивоградбите во препораките на Унеско се нотирани и прашањето за управување со езерото, состојбата со Студенчишкото блато и депонијата Буково.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->