„Топол културен бран“ во Могила од 25-ти до 30 јули
Општина Могила ја утврди програмата што ќе се реализира во рамки на манифестацијата „Топол културен бран“. Од општината информираат дека таа ќе почне на 25 јули и се планирани бесплатно летно кино, изложба и концерти на новоотворената летна сцена.
Во соработка со НУ Центар за култура-Битола од 25-ти до 30 јули на летната сцена пред ОУ „Гоце Делчев“-Могила ќе бидат прикажани пет кино претстави, на 27 јули во соработка со Детско ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола ќе биде отворена изложба со избрани дела од меѓународната ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“, а на 29 јули во Могила ќе настапат ансамбли и културно-уметнички друштва кои ќе учествуваат на годинашниот фестивал „Илинденски денови“.
- Со овие активности и неодамнешниот фолклорен фестивал на познати дуети, успеваме да приредиме пријатно културно лето за нашите сограѓани, информира Општина Могила.
Ново на Сител
-
СДСМ предлага закон за зголемување на платите
-
Левица: Плата да се исплаќа до 5ти во месецот
-
Научна конференција: Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење
-
Дневен центар за пензионери во Охрид
-
Прилепските извидници прославија 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски