Тој ја работи највалканата работа во светот - чистење после убиства

Џош Марсден веќе 10 години е вработен во службата за чистење на крими сцените. Неговиот тим ги чисти куќите откако крвавите трупови кои се предмет на кривично дело - убиство ќе бидат изнесени од местото.
Службата мора да ја исчисти крвта од ѕидовите, подот, креветите, а некогаш и самите ги пренесуваат труповите.
Џош вели дека најтежок дел од работата е миризбата - при што дури и маските не можат да помогнат зошто неретко труповите се пронаоѓаат од страна на полицијата со денови по убиството поради почнатиот процес на распаѓање, смрдеата е неподнослива.
Во некои случаи труповите веќе се нападнати од разни инсекти и стаорци.
Обично чистење на една соба трае неколку дена, но ако се во прашање цели куќи процесот на дезифекција и длабинско чистење трање подолго време.
Ново на Сител
-

Поплави, одрони, вирови и отежнат сообраќај по обилните дождови во Македонија
-

Се излеа хемиска пена на булеварот во Автокоманда, Ѓоргиевски соопшти дека го пронашле сторителот
-

Љубојно 100 дена со протести се спротиставува на сечата
-

Преглед на вестите од светот
-

35 лица седнуваат во судница, почнува судењето за пожарот во Kочани
-

ВМРО-ДПМНЕ бара реформирање во судството
-

Зголемен водостојот на Вардар и Радика, УХМР апелира на внимателност
-

Во тутунскиот комбинат во Прилеп започна предвремениот откуп на тутунот






