Тирана најави закон за јазиците на малцинствата
Албанската влада во рамки на Законот за малцинствата, кој е веќе финализиран, посебно место одвојува за заштитата на јазиците на пет национални малцинства кои живеат во земјата.
Веста за МИА ја потврди Никола Ѓурѓај,претседател на македонското дрштво „Илинден“ од Тирана, оценуваќи дека конечно нешто се поместило од статус кво состојбата околу правата на малцинствата.
- Текстот на законот е готов. Истиот треба да биде доставен до Парлементот за усвојување, додека албанската државна радио телевизија (РТВСХ) веќе се подготвува да почне со емитување на емисии на петте јазици на малцински заедници, македонската, грчката, српско-црногорската, влашката и ромско-египјанската, изјави Ѓурѓај.
Оваа навистина убава вест, додава Ѓурѓај, доаѓа токму на Маѓународниот ден на мајчиниот јазик.
Министерството за образование и за култура, посочува Ѓурѓај, исто така треба да дадат придонес во овој процес, кој, како што вели, само што почнува.
Албанија под притисок на малцинствата, но пред се меѓународната зедница за првпат носи закон за малцинствата.
Ново на Сител
-
Македонија загуби од Литванија иако Димитријевиќ постигна 43 поени
-
Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во ноќен клуб во Мексико
-
Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
-
Два вооружени грабежи на Бит Пазар во еден ден
-
Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад
-
Пронајдени 14 мигранти во Кумановско, од кои четворица малолетни
-
Силекс се искачи на врвот на табелата
-
До крајот на денов сончево со мала локална облачност