-->
-->
Тие заработуваат 56.000 евра годишно за најбесмислената работа: Работат за Трамп, а основно средство им е селотеjпот
-->

- Минуваме низ многу искинати документи и ги лепиме во целост. Некогаш документите се скинати само во средина, а некогаш на мали делови. Тоа е како да составувате сложувалка, навел Ларт во интервју за американските медиуми.
Во САД се чуваат сите претседателски документи во архивата на Белата куќа, а Трамп има необична навика да ги кине службените документи откако ќе ги прочита.
Поради лошата навика на Трамп, администрацијата на Белата куќа вработила луѓе кои ќе го „чистат нередот“ , за Трамп да не го прекрши законот.
- Со проѕирна леплива трака ги лепиме сите парчиња и кога документот е готов го предаваме на службеникот. Обновениот документ се праќа во Националната архива каде адекватно се складира, вака Ларт го објаснува својот работен ден.
Ларт, кој наскоро ќе полни 55 години, повеќе од 30 години работи како државен службеник, а годишната плата му изнесува 56.000 евра, но до сега никогаш не помислил дeka во животот
ќе стигне да лепи искинати документи на претседателот.
Трамп имал обичај да кине меморандуми, белешки, писма, покани, но и останати документи кои му поминале низ рака, на Ларт му се придружил и Редзиналд Јанг кој веќе 20 години работи како службеник во администрацијата, но и тој не верувал дека ќе стигне лепи документи кои Доналд Трамп ги кине по секое негово читање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати