Македонија
2. February 2018 - 10:50

Тетовец пријавен за исчезнат се врати дома, еве каде бил без да знае семејството

Во врска со настан „исчезнато лице“ даден во билтен на 30/31.01.2018 година, вчера во 13.00 часот во Полициската станица Тетово, Р.С. (70) од Тетово пријавил дека неговиот брат Н.С. (75) од с.Пирок, кој на 29.01.2018 година го пријавил како исчезнат, се вратил дома. 

Тој бил во Приштина, Косово, во здравствена установа за пружање на лекарска помош.