Македонија
16. јуни 2016 - 14:01

Тетовчанец за малку самиот ќе се убиел

 
Тетовчанец за малку самиот ќе се убиел откако му се репетирал пиштолот. Пет минути по полноќ во Клиниката во Тетово бил донесен 59-годишниот Ф.А. од селото Порој кој имал повреда од куршум во надколеницата.
 
Тој во својот дом го ставил пиштолот ЦЗ М57 ТТ,  калибар 7,62мм кој го поседувал со дозвола, под перница, при што пиштолот испукал еден куршум кој го повредил во надколеницата.
 
Увид на лице место извршила екипа од полицијата.
 
Поради сериозните повреди тетовчанецот е пренесен на скопските Клиники.