Македонија
20. March 2025 - 14:16

Нападнат 27-годишник од Тетово, очекувал да се сретне со девојка но бил физички нападнат од две лица

Денеска (20.03.) во СВР Скопје А.И.(27) од село Церово, тетовско, пријавил дека претходниот ден околу 18.10 часот откако пристигнал во село Арнакија, скопско, а по претходен договор за средба со женско лице со кое се допишувал преку социјални мрежи, бил физички нападнат од две лица кои му упатувале и закани со огнено оружје, а потоа едниот од нив со тврд предмет (кундак од автоматска пушка) му го оштетил неговото патничко возило „фолксваген голф 5“ со тетовски регистарски ознаки.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.