Тестовите на вакцината против коронавирусот дадоа неочекувани резултати
„Се очекува нејзиното целосно тестирање да биде завршено во месец јуни“ – изјавила денес директорката на агенцијата, Вероника Скворцова додавајќи дека вакцината би требало да биде подготвена за употреба за 11 месеци.
„Развојот на вакцината ја помина првата фаза. Тоа е рекомбинативна вакцина која што не е развиена врз основа на жив вирус туку врз основа на протеини кои што поседуваат така наречени епитопи, односно центри за кои што се поврзува самиот вирус“ – навела Скворцова.
Претходно, водечкиот експерт на Светската здравствена организација, Мајкс Рајам изјави дека ќе биде потребно најмалку една година од денес за да се развие вакцина против коронавирусот.
Исто така тој навел дека земјите не можат да го сузбијат коронавирусот така што ќе ги стават нивните граѓани во карантин туку дека се неопходни мерки за јавното здравје за да се избегне и враќањето на вирусот подоцна.
Таму вакцината ја развила биотехничката компанија со седиште во Тјенѓин и истражувачки тим на чело со Чен Веј, експер за спречување и контрола на биолошки опасности од Академијата за воени медицински науки при Народната ослободителна војска.
Ново на Сител
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава