-->
-->
Тешко повреден возач на мотор во сообраќајка во близина на Куманово
-->
Возач на мотор е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случи вчера во 17.20 часот во Кумановско, соопшти денеска полицијата.
Турскиот државјанин, 34 годишниот Е.А, кој управувал мотоцикл „јамаха“, исклучувајќи се од автопатот ГП Табановце-Скопје, со намера да се приклучи на магистралниот пат Крива Паланка-Кумановово, кон Крива Паланка, изгубил контрола, преминал на левата сообраќајна лента и удрил во патничко моторно возило „таврија“ кое го управувал 58 годишниот кумановец Т.А, кој се движел од Крива Паланка кон Куманово.
Турскиот државјанин се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош во кумановската болница префрлен е во Ургентен центар во Скопје.
Кумановецот и неговата сопатничка од автомобилот С.А (1960) се здобиле со повреди.
Увид на местото на настанот изврши екипа на СВР Куманово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини