Тешка сообраќајка на излезот од Гостивар, двајца загинати
Две лица се загинати во страшна сообраќајна несреќа која се случила денеска попладне на излезот од Гостивар.
Како што објавува телевизијата, во директен судар на две возила „Мерцедес“ со црногорски регистарски ознаки и „Опел Астра“ со охридски регистарски таблички животот го загубиле Ѓ.С. (61) и сопатничката А.С. (28).
Двајцата загинати се сопатници на патничкото моторно возило „Опел“, а возачот со иницијали Н.С. од Кичево на возраст од 30 години со повреди е пренесен во медицинскиот центар во Гостивар.
Во полициската станица Гостивар приведен е возачот на Мерцедесот со црногорски регистарски ознаки кој е на возраст од 55 години од село Раотинце Тетово.
Увидот е во тек, а на патниот правец Гостивар – планински премин Стража, сообраќајот е во прекин.
Ново на Сител
-
Движењето ЗНАМ ги објави кандидатите Максим Димитриевски за Куманово, Мирослав Лабудовиќ за Центар
-
Тема на денот со Јаким Неделков, претседател на СОНК
-
Седница на Комисијата за надзор на АНБ сепак ќе се одржи во среда
-
Кошта смета дека Македонија треба да добие гаранции за евроинтегративниот пат
-
Одложена Комисијата за надзор на АНБ
-
Левица објави 5 кандидати за скопските општини
-
Лекарска комора ќе прави вонреден стручен надзор по добивање на документацијата за 8-те сомнителни случаи
-
Вардариште повторно гори, партиите се препукуваат