Тешка кражба во Штип

Штип во текот на месец ноември по претходно преземени мерки и активности откри сторители на повеќе кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ извршени на подрачјето на СВР Штип и против истите поради постоење основи на сомнение дека се извршители на кривичните дела поднесе кривични пријави. Имено расветлено е кривичното дело „кражба“ извршено од пријавениот И.Р.(21) од Штип кој на 21.10.2015 година околу 18 часот користејќи згодна прилика од незаклучена службена просторија на КБ Штип одзел лап топ компјутер, со што причинил материјална штета од 13.000 денари. Од страна на СВР Штип расветлено е и кривично дело „тешка кражба“ извршено во временскиот период од 20.05. до 05.06.2015 година.
Исто така пријавените А.З.(39) и Б.Д.(27) двајцата од Штип во наведениот временски период од стан на ул.Партизанска во Штип со намера да се стекнат со противправна имотна корист со употреба на сила и подесен алат скршиле стакло на еден од прозорците од балконската тераса и со прекачување влегле во станот, извршиле пребарување и одзеле ЛЦД телевизор, камера, фотоапарат,блендер, миксер, парфеми и неколку шишиња алкохол, причинувајќи материјална штета од 33.800 денари. На 30.10.2015 година пријавениот В.С.(43) од село Дорфулија, општина Лозово со намера да се стекне со противправна имотна корист со употреба на подесен предмет и сила делувал на влезната дрвена врата на подрумската просторија од куќа во село Дорфулија, сопственост на негов роднина влегол внатре и противправно одзел 94 литри ракија, причинувајќи штета од 14.000 денари.
Ново на Сител
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат – нови цени на горивата од полноќ
-

Во Албанија продолжуваат протестите, ЕУ бара одговорност
-

Пријави за поставени бомби во повеќе белградски училишта и два други града во Србија
-

Спасено мече во Велешко: Се фатило во нелегално поставена сајла, по интервенцијата пуштено во природа
