Терористички напад во Стразбур: Две лице убиени, 11 повредени, напаѓачот идентификуван
Напаѓачот, за кој се смета дека дејствувал сам, сè уште е во бегство откако уби најмалку две лица и повреди најмалку 11 во источниот француски град Стразбур, во близина на познатиот божикен базар, кој има огромен број посетители. Локалните медиуми наведуваат дека повеќето од повредените се во критична здравствена состојба.
Властите го третираат нападот како терористички чин. Специјалното Обвинителство за антитероризам отвори истрага за инцидентот.
Полицијата и војската се во потрага по напаѓачот, кој сè уште е во бегство, но веќе е „идентификуван”, со оглед на тоа што од претходно и бил познат на полицијата, која го третирала како „безбедносна закана”.
„Вооружениот напаѓач е повреден од страна на војниците кои беа во патрола како дел од француската антитерористичка операција Сентинел, но успеа да побегне“, според полицијата. Според полицијата, по нападот бил лоциран во округот Епинал, каде дошло до престрелка.
Европскиот парламент, чие седиште е во Стразбур, беше блокиран по извештаите за пукањето, по што на европарламентарците, вработените и новинарите не им е дозволено да ја напуштат зградата, која е на неколку километри од плоштадот.
„Во Стразбур се случи сериозен инцидент по јавната безбедност”, објави Министерството на Твитер. „Од жителите се бара да останат во своите домови. Повеќе информации следат, почитувајте ги инструкциите од властите”, порача француското МВР.
Центарот на Стразбур е целосно блокиран од полиција, а божикните штандови, како и блиските кафулиња се евакуирани
Градоначалникот на Стразбур Ролан Рис изјави дека во тек е „сериозен инцидент“, дополнувајќи дека „во мислите е со жртвите“.
„Франс инфо“ претодно објави дека непознато лице отворило оган кон насобраните луѓе од автоматско оружје во секторот Гранд Руе. Локалните медиуми известуваат дека биле испукани десетина куршуми.
Ново на Сител
-
59 годишник допирал по тело малолетник во парк во Чаир
-
Зајакнување на оперативната соработка и заедничко профилирање на ризици со Царината на Турција
-
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре во официјална посета на земјава
-
Кисела Вода со целодневна програма го одбележува својот патронат-Ѓурѓовден
-
„Мет-гала“: Ријана третпат бремена
-
Герасимовски: Доделуваме 10 илјади денари за возачки испит на младите, безбедноста во сообраќајот е најважна
-
Мерц за шест гласа не успеа да биде избран за канцелар во првиот круг гласање
-
Арсенал заинтересиран за трансфер на Родриго