Loading Video...
Свет
6. May 2025 - 12:19

Преглед на вестите од светот

Русија соопшти дека Украина синоќа извршила напад со беспилотни летала насочени кон Москва. Сите четири главни аеродроми во Москва беа затворени неколку часа од безбедносни причини, но подоцна беа повторно отворени

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека дел од остатоците од 19-те дронови кои биле уништени паднале на клучен автопат, но нема жртви.

Украина сè уште не дала коментар. Но, градоначалникот на Харков тврди дека Русија го нападнал и неговиот град со дронови преку ноќ. 

Најновите напади доаѓаат откако вчера се појавија извештаи за нови обиди на Украина да го нападне Курскиот регион. 

Студентите во блокада во Белград објавија дека бараат предвремени парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Белград.

„Бараме итно распуштање на Народното собрание и распишување вонредни парламентарни избори во согласност со член 109 од Уставот на Република Србија“, објавија тие на социјалната мрежа X.

Студентите во блокада веруваат дека демократијата е единствениот правилен излез од кризата, исто така, истакнаа дека корените на корупцијата во владата навлегле премногу длабоко во државните институции, на кои им е спречено независно да ги извршуваат своите должности.

Премиерот на Романија, Марсел Чолаку поднесе оставка, ден по убедливата победа на крајната десница во првиот круг од претседателските извори и поразот на кандидатот поддржан од неговата Влада. Социјалдемократот Чолаку ја поднесе оставка до претседателот на Романија, Илие Боложан и на министрите им предложи да ја напуштат Владата поради што повеќе го немаат потребното мнозинство во Парламентот.

Кандидатот на Владата, Крин Антонеску на вчерашниот прв круг беше трет. Кандидатот на крајната десница, Џорџе Симион вчера освои 40,9 проценти од гласовите, а градоначалник на Букурешт, Никушор Дан (Никусор), кој доби 20,9 отсто

Ватикан соопшти дека сите 133 кардинали помлади од 80 години, кои имаат право да учествуваат во изборот на нов папа, пристигнале во Рим пред конклавата што почнува в среда. Кардиналите ќе се соберат во Сикстинската капела во 16:30 часот за да започнат со гласањето, кое ќе трае додека еден од нив не добие двотретинско мнозинство. Ватикан соопшти дека за време на конклавата кардиналите мора да ги предадат своите телефони, а кујната во Света Марта ќе подготвува само лесни оброци.

Гласањето е тајно, а двотретинското мнозинство е неопходно за избор на наследник на Франциск, процес што може да трае неколку дена, па дури и недели. Најдолгата конклава во поновата историја се одржала во 1831 година, кога папата Гргур XVI бил избран по повеќе од 50 дена, Последните две конклави, во 2005 и 2013 година, траеја по два дена, при што Бенедикт XVI беше избран во четвртиот, а Франциск во петтиот круг на гласање.