Loading Video...
Свет
5. May 2025 - 16:36

Преглед на вестите од светот

Опозицискиот ултрадесничар Георѓе Симеон е убедлив победник во првиот круг од повторените претседателски избори во Романија со освоени 40 отсто од гласовите. Лидерот на Алијансата за обединување на Романцитие во вториот круг на 18 мај ќе се соочи со второпласираниот -прогресивно-либерален независен политичар и градоначалник на Букурешт Никушор Дан кој доби 21 отсто од гласовите.

38 годишниот Симеон се противи на обезбедување воена помош за Украина, го критикува раководството на ЕУ и го поддржува движењето на Доналд Трамп „Направи ја Америка повторно голема“. Ривалот на Симион во вториот круг, гласањето на 18 мај го оцени како битка меѓу прозападната насока на Романија, чиј застапник е и антизападната.

Дан се залага за безусловна поддршка за Украина и се смета за чесен и некорумпиран политичар. Кандидатот на владејачката коалиција Крин Антонеску, со резултат од 20,07%, е трет. Романија, со месеци е во политичка криза. Во ноември, екстремниот десничар Калин Георгеску победи во првиот круг од претседателските избори. Но, Уставниот суд ги прогласи изборите за неважечки поради наводното руско мешање во корист на Георгеску, а Георгеску доби забрана повотрно да се кандидира. На овие избори Симион го зазеде неговото место како кандидат на екстремната десница и доколку победи ќе ја прошири групата евроскептични лидери во ЕУ. 

Израелскиот премиер Нетанјаху најави одмазда на Хутите и Иран по вчерашниот ракетен напад кон израелскиот меѓународен аеродром „Бен Гурион“, при кој беа повредени шест лица. 

- Ќе преземеме многу силни мерки против нив. Тие ( Хутите)  дејствуваат со насоки и поддршка на нивниот покровител Иран. Ќе го направиме она што ни е потребно за да се грижиме за нашата безбедност, да одговориме ефективно и навремено да го предупредиме Иран дека ова не може да продолжи, изјави израелскиот премиер, бенјамин нетанјаху.

 Иран пак најави силен противудар доколку Израел или САД нападнат.

„Доколку бидеме нападнати и ни се наметне војна, ќе одговориме силно. Ќе ги нападнеме нивните интереси, бази и сили без никакви резерви или ограничувања“, порача генерал Азиз Насирзаде, министер за одбрана на Иран.

Во меѓувреме портпаролот на војската на Хутите, порача дека нападот врз аеродромот Бен Гурион  е извршен како одговор на одлуката на Израел да ги прошири воените операции против Хамас во Појасот Газа и најави нови напади врз израелските аеродроми.