-->
-->
Тепачка пред дискотека во Куманово
-->

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.М.(21), Ф.К.(22) и 17 годишно лице сите од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Пријавените на 05.09.2016 година, во 04,40 часот на влезот пред дискотеката „Спејс“ во Куманово поради претходна вербална расправија трето пријавениот со употреба на физичка сила го нападнал Н.Х.(20) удирајќи го со тупаници во пределот на главата, а потоа и прво и второ пријавениот со употреба на физичка сила неговите другари Д.Ј.(20), Д.М.(20), Н.С.(20), Д.Ѓ.(20) и С.С.(20) удирајќи ги во пределот на главата и телото.
Од физичкиот напад на оштетените им се нанесени телесни повреди, а во моментот на нападот се нашол и А.Д.(20) од Куманово кого истото го нападнале удирајќи го во пределот на лицето, а откако паднал на земја му нанеле тешка телесна повреда на десната рака, по што истиот бил пренесен во Клинички центар Скопје на понатамошно лекување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кардиналите во Ватикан разговараа за голем број прашања, вклучувајќи ја и сексуалната злоупотреба во црквата
-
Мерц најави дека ќе го повика Трамп сите царини да ги сведе на нула
-
Санчез: Не може дефинитивно да се потврди поради што е прекинот на електричната енергија на Иберискиот Полуостров
-
ЈО: Ги повикуваме семејствата на настраданите во пожарот во Кочани на средба со обвинителите кои работат на случајот
-
Загина 75-годишен возач во сообраќајка во Чаир
-
Престижните универзитети во САД создаваат обединет фронт против Трамп
-
Путин прогласи еднострано тридневно примирје во Украина од 8 до 10 мај
-
Кривични пријави против поранешни вработени во МВР, го оштетиле буџетот на министерството за 3.314.870 денари