-->
-->
Тен Хаг или Чави би можеле да го заменат Чаби Алонсо во Баер
-->
Баер определи двајца кандидати кои би можеле да го заменат Чаби Алонсо како главен тренер на тимот, пренесува „Кикер“.
Според германскиот весник, во потесниот круг на Леверкузен се и поранешниот тренер на Барселона Чави и поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг. Вториот може да биде главен кандидат за позицијата поради неговото познавање на германски јазик.
Претходно беше објавено дека сегашниот тренер на Баер, Чаби Алонсо е блиску до потпишување договор со Реал Мадрид.
По 31 коло Баер е на второто место во Бундеслигата со 67 бодови, 8 бода зад лидерот Баерн.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот