Телефонски разговор меѓу турскиот и ирачкиот премиер
Турскиот премиер Бинали Јилдирим, телефонски разговараше со неговиот ирачки колега Хајдар ал Абади за билатералните односи, јави турската агенција Анадолија.
Според соопштението на прес-службата на Кабинетот на турскиот премиер, Јилдирим во разговорот со Абади ја истакнал „важноста на блиската соработка со соседната и пријателска земја Ирак во борбата против тероризмот“.
За време на разговорот исто така било нагласено дека од Ирак се очекува, во рамките на добрососедските односи, да преземе потребни мерки против „терористичката Курдска работничка партија“ (ПКК).
Двајцата лидери истакнале дека постои сериозен потенцијал за соработка меѓу двете земји во областа на енергетиката, како и во другите економски прашања.
Според соопштение, пак, објавено на официјалната страница на ирачкиот премиер, Јилдирим рекол дека Анкара не планира да изврши воена операција во реонот на Синџар во Северен Ирак, без целосна согласност од Багдад.
- Ние нема да извршиме никаква операција без одобрение од ирачката Влада. Турција го почитува суверенитетот на Ирак и нема да презема никакви дејствија кои би можеле да го нарушат, рекол Јилдирим и потврдил дека во моментов меѓу ирачките и турските власти нема договор за спроведување на воената операција на територијата на Ирак.
Хајдер ал Абади од своја страна истакнал дека владините сили на Ирак ја контролираат целата територија на земјата и се способни сами да се спротивстават на локалните борци. Тој, исто така, рекол дека Ирак е против тоа „Турција да ги надминува своите овластувања“.
Ново на Сител
-
Тошковски: 80 години Оддел за заштита на определени личности и објекти, заради нив сме посилни и како држава и како општество
-
Физичка пресметка помеѓу двајца војници од Кондово и Матка
-
Кривична против 42-годишен скопјанец, физички нападнал полициски службеници
-
Кривична за 38-годишен штипјанец, сторено кривично дело „разбојничка кражба“
-
Лавров по разговорите во Ријад: Не само што се слушавме, туку и се слушнавме
-
Во Штип во текот на месецов регистрирани 283 случаи на грип
-
Овчите сипаници и во јануари најчесто акутно заразно заболување
-
Уставен суд утре ќе расправа по иницијатива за оценување на стажот на јавните обвинители во периодот на нивното членување во Советот на јавни обвинители