Зеленски - Нема да ги признаеме руско-американски преговори во Ријад, вонреден самит во Париз за Украина
Украина и ЕУ не се поканети на утрешните американско руско разговори за крај на војната во Украина кои се ке одржат во Ријад.
- Украина нема да учествува (во разговорите во Саудиска Арабија). Украина не знаеше ништо за нив. Украина ги смета сите преговори за Украина без Украина како преговори кои немаат резултат и ние не можеме да признаеме никакви работи, какви било договори за нас направени без нас и нема да ги признаеме таквите договори, порача Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Како да се убедат САД и Русија дека офцијален Киев и еворпските земји заслужуваат место на преговарачката маса, решение бараат лидерите на Франција, Германија, Велика Британија, Италија, Полска, Шпанија, Холандија и Данска и шефицата на ЕК на вонредниот самит во Париз. Стравуваат дека доколку бидат икслучени од преговорите за крај на војната ќе биде постигнат договор штетен за Украина и Европа
- Мораме да се погрижиме Европа да ги надмине предизвиците на иднината на силен и суверен начин и со исправен грб. Ова го вклучува прашањето како можеме да продолжиме да ја поддржуваме Украина и да се осигураме дека таа не е оставена сама сега изјави Олаф Шолс, канцелар на Германија.
Според шефот на руската дипломатија за Европа нема место на преговарачката маса.
Официјален Киев ќе бидат вклучен во разговорите кога биде потребно порача шефот на Белата куќа..
- Дали очекувате Зеленски да биде вклучен во овие разговори? Каква ќе биде неговата улога? Ќе биде вклучен, да изајви Доналд Трамп, претседател на САД.
Освен војната во Украина, американската и руската делегеција ќе разговараат и за билатералните односи помеѓу Русија и САД и потенцијалната средба помеѓу Путин и ТРамп октри портпаролот на Кремљ.
Прво, контактите што ќе се случат во вторник ќе бидат за обновување на целиот сет на руско-американски односи и подготовка на можни преговори за Украина. Пред само два месеци, сите во светот, освен можеби Русија и земјите пријателски за нас, зборуваа за тоа како да се продолжи војната по секоја цена. Охрабрувачки е тоа што сега сите се обидуваат да зборуваат за тоа што треба да се направи за да се запре војната по секоја цена, изјави портпаролот на Кремљ Дмитри Песков.
На разговорите во главниот град на Саудиска Арабија, Русија ке ја претсавува министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и помошникот на Путин за надворешни работи Јуриј Ушаков а американската делегација ќе ја предводи државниот секретар Марко Рубио.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар