Македонија
1. November 2025 - 11:57

Тековно се спроведува гласањето на болните и немоќните, осудените лица и сместените во домот за стари лица во Куманово

Тековно се спроведува гласањето на болните и немоќни лица во Куманово, на корисниците на услугите во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ и на осудените во казнено-поправната установа Куманово, соопштија денеска од општинската изборна комисија (ОИК) Куманово.

Денеска во Куманово гласаат 212 болни и немоќни лица, пријавени се и 42 лица, сместени во Домот за стари лица „Зафир Сајто“, а во Казнено-поправната установа затвор Куманово (К’шање) право на глас имаат и 79 осудени лица.

- Тековно се спроведува гласањето, изјави претседателката на ОИК Куманово, Кристина Цветковска.

Утре, право на глас имаат 94.041 гласач, со што Куманово е општина со најголем број избирачи кои гласаат на 164 избирачки места. 

МИА

Ново на Сител