Loading Video...
Македонија
5. November 2025 - 21:37

Муцунски по извештајот на ЕК: До крајот на годинава ќе има реформи во правосудството

Извештајот за напредокот на Македонија во ниту една област нема уназадување, вели министерот за надворешни работи, Муцунски. Некаде имаме повисока оцена како во надворешната политика, но горлив проблем останува правосудството и борбата со корупцијата. Надлежноста што ја имаат како Влада до крајот на годинава ќе резултира со реформи во правосудсниот систем, но и судовите и обвинителствата треба да го исполнат нивниот дел од обврските. 

За критиките од опозициската СДСМ, Муцунски вели дека немаат кредибилитет да зборуваат за овие прашања, бидејќи токму тие ја довеле Македонија во оваа позиција со ЕУ. Побара да се обединат за да се откочи европскиот пат на нашата земја. 

Министерот за надворешни работи не сака да открива детали од средбата со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, но смета дека Кошта може да помогне за откочување на процесот за членство на Македонија во ЕУ со што нашата земја ќе го зачува достоинството. 

Како Влада успеале да го наметнат ставот и до европските институции дека на Македонија и се потребни дополнителни гаранции за членство во Унијата, пред да направиме дополнителни отстапки.