Тарчуловски: Од Кисела Вода ќе направиме општина со спортски дух и енергија
Спорот и јакнењето на спортскиот дух кај децата и младите е особено важен за тие да израснат во здрави и оформени личности. Јас како голем љубител и поддржувач на спортот максимално ќе се заложам за унапредување и развој на спортот и спортските активности во општина Кисела Вода, вели Јохан Тарчуловски кандидат за градоначалник за Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Ќе изградиме спортско рекреативен комплекс „Славија“ на местото на сегашното фудбалско игралиште во населба Пржино, а комплексот е предвидено да содржи фудбалски, кошаркарски, ракометни, тениски терени како и патека за трчање. На повеќе локации на територија на Кисела Вода ќе се постават фитнес терени на отворено, а ќе ја реконструираме и постоечката велосипедска патека во населба 11 октомври и ќе изградиме уште една. Ќе субвенционираме и купување на велосипеди, а на четири локации во општината ќе поставиме подлога со вештачка трева на игралишта за мал фудбал. По парковите ќе поставиме ѕидани пинкпонг и шаховски маси, а ќе продолжиме и со јакнење на училишниот спорт и училишните спортски натпревари, потенцираше Тарчуловски.
Тој додава дека активно во спортот ќе се склучат и лицата со посебни потреби, а бројните спортски клубови кои тешко функционираат ќе ги помогнеме со финансиска помош.
Ново на Сител
-
Силно невреме ја зафати Словенија
-
МВР: Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот со отстранувањето на македонското знаме од Кораб
-
Албански планинари го отстранија македонското и го закачија албанското знаме на Кораб | ВИДЕО
-
Стано: Цел на дијалогот Белград-Приштина е нормализација на меѓусебните односи
-
МНР: Македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски е веќе повикан на консултации
-
Од полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскап за половина денар
-
Муцунски се сретна со унгарскиот амбасадор Клаин
-
Аврамовска Мадиќ: Пристигнат само еден приговор, волјата на членовите на СДСМ е јасно и недвосмислено изразена