Македонија
1. July 2024 - 19:44

Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли

Новото министерство за спорт ќе го поддржи ваучер системот, но не и  начинот по  кој истиот функционира сега. Министерот Борко Ристовски најави измена на критериумите со цел средствата што се добиваат преку овој систем да заминат на вистинските места и во интерес на спортот, спортските работници и клубовите. За да се намали просторот за корупција Ристовски најавува и чести строги контроли.

Инспекции и контроли министерот за спорт најавува и во делот спортската инфраструктура што државата ја  има  дадено под концесија. Доколку се утврди непочитување на договорите истите ќе бидат раскинати.

Ристовски денеска во општина Василево присуствуваше на отварање на ново спортско игралиште. Од таму тој најави дека спортската инфраструктура ќе биде еден од главните приоритети на неговото министерство. Во скоро време требало да биде објавен и планот за изградба на нови но и реконструкција на дел од постоечките сали.