СЗО не го препорачува „туристичкиот“ Ковид пасош
Светската здравствена организација (СЗО) денеска повтори дека вакцинацијата едноставно не е достапна ширум светот и не е достапна врз фер основа.
Високиот официјален претставник на СЗО,Мајкл Рајан, рече дека таканаречените Ковид пасоши не треба да се користат за меѓународни патувања, поради големиот број проблеми, вклучувајќи ги и етичките причини, бидејќи вакцините против коронавирусот не се лесно достапни на глобално ниво.
Шефот за вонредни операции во СЗО додаде дека постојат „вистински практични и етички размислувања“ за земјите што го разгледуваат прашањето за користење на сертификатите за вакцини како услов за патување, додавајќи дека Агенцијата за здравство на Обединетите нации засега не го препорачува.
-Вакцинацијата едноставно не е достапна ширум светот и не е достапна на фер основа, рече Рајан на брифинг со новинарите, пренесуваат американските медиуми.
СЗО претходно забележа дека се уште не е познато колку трае имунитетот од големиот број лиценцирани вакцини прогив Ковид-19 и дека податоците се уште се собираат.
Рајан, исто така, истакна дека стратегијата може да биде неправедна кон луѓето кои поради некоја причина не можат да се вакцинираат и дека барањето Ковид пасош може да овозможи „неправдата и неправедноста дополнително да се вметнат во системот“.
Ново на Сител
-
Ќе се реновира железничката станица во Скопје
-
ММФ предвидува раст на македонската економија од 3,4% годинава
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателот на Словачка Петер Пелегрини во официјална посета на Македонија
-
Фон дер Лајен утре во Скопје, најавува фабрики за вештачка интелигенција во Македонија и Србија
-
Уште 4 дена предизборна кампања, Мицкоски и Филипче си разменуваат обвинувања
-
Пакет мерки за пензионерите најавува Орце Ѓорѓиевски
-
Каја Шукова најавува реформирање на јавните претпријатија