СЗО: Бројот на заразени во светот надмина 84 милиони, 541.000 за 24 часа
Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 84,47 милиони, зголемувајќи се за над 541.000 во последните 24 часа, се наведува во последниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), објавен синоќа.
Според СЗО, бројот на смртни случаи се зголемил за речиси 8.700, со што вкупниот број изнесува приближно 1,85 милиони.
На 5 јануари, Светската здравствена организација регистрира 84.474.195 заразени и 1.848.704 смртни случаи.
Речиси половина од пријавените случаи во изминатите 24 часа биле регистрирани во Северна и Јужна Америка (266.499), потоа во Европа (202.958) и во Југоисточна Азија (26.070).
Поголемиот дел од потврдените случаи се регистрирани во САД – 20.470.169, потоа Индија (10.356.844), Бразил (7.733.746), Русија (3.284.384), Велика Британија (2.713.567), Франција (2.615.185), Италија. (2.166.244), Шпанија (1.893.502), Германија (1.787.410), Колумбија (1.675.820), Аргентина (1.640.718) и Мексико (1.448.755).
Ново на Сител
-
Акција на МВР: Околу 50 осомничени за злоупотреби во ФЗОМ
-
Неопходни се реформи во правосудството
-
Меџити: И со ДУИ и во Влада не оди
-
Необичен хуман гест- донација од 200 литри магарешко млеко за опоравување на повредените во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура