Светска конференција за геотехничко инженерство во Скопје
„Геотехнички хазарди и ризици: искуства и пракса“ е тема на 16. Подунавско-европската конференција за геотехничко инженерство што денеска почнува во Скопје. Македонија првпат е домаќин на повеќе од 250 научници - геотехничари и инженери кои ќе учествуваат на тридневната светска конференција.
Организатор на конференцијата е Друштвото за геотехника на Македонија, во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Градежниот факултет, Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Инженерската институција на Македонија.
Покровител на конференцијата е претседателот на Република Македонија кој е најавен да се обрати на отворањето на конференцијата.
Конференцијата се одвива под закрила на Меѓународното друштво за механика на почви и геотехничко инженерство (ISSMGE), поддржана и од Меѓународната асоцијација за тунелоградба и подземни конструкции (ITA).
Конференцијата првпат е организирана во 1964 година.
Ново на Сител
-
Нелојална конкуренција – проблем за туристичките водичи
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра