Преглед на вестите од светот
Украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше средба со специјалниот претставник на Трамп за Украина и Русија, Кит Келог, за која информираше на социјалните мрежи.
- Имав продуктивен состанок со Келог. Добра дискусија, многу важни детали. Благодарен сум на САД за сета помош и двопартиска поддршка за Украина и украинскиот народ. Важно е за нас – и за целиот слободен свет – да се почувствува американската сила, напиша Зеленски.
Детално разговаравме за ситуацијата на фронтот, начинот на враќање на нашите воени заробеници и ефективни безбедносни гаранции. Од првата секунда на оваа војна, Украина бара мир.
- Украина е подготвена за силен, ефективен договор за инвестиции и безбедност со претседателот на САД. „Успехот не обединува сите. Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет. Му благодарам на генералот Келог на заедничката работа во постигнувањето важни резултати“
Францускиот претседател Емануел Макрон ќе му каже на својот американски колега Доналд Трамп дека „не може да биде слаб“ пред Владимир Путин и дека неговиот „стратешки интерес е ист како и европскиот“.
Францускиот претседател, следната недела ќе престојува во Вашингтон. Макрон алудираше на изјавата на Трамп дека Зеленски е диктатор кој не е избран на избори.
Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Каја Калас, изјави во Јоханесбург дека американскиот претседател Доналд Трамп веројатно го помешал Путин со Зеленски кога го обвини украинскиот претседател дека е диктатор.
Израелската полиција истражува експлозии во три автобуси во Бат Јам, град јужно од Тел Авив, во, како што се сомнева, координиран терористички напад. Инцидентот се случил синоќа, а пријавени се експлозии на различни паркинзи низ градот. Три празни автобуси експлодирале на посебни паркинзи во Бат Јам и засега нема информации за повредени.
Тајмс оф Израел јави дека на уште две места се деактивирани две експлозивни направи.
Шефот на полицијата во округот Тел Авив, Хаим Саргароф, изјави дека пет идентични експлозивни направи кои беа активирани и деактивирани имале тајмери и оти нападот „изгледа како нешто (што потекнува) од Западниот Брег“.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар