Македонија
21. February 2025 - 12:15

Нелојална конкуренција – проблем за туристичките водичи

Нелојална конкуренција, квази водичи кои на лесниот начин доаѓаат до сертификати, малку иневстираат во себе и со пониска цена успеваат да фатат работа зад себе оставајќи лоша слика пред странците, но и оние кои доаѓаат од други држави испревртувајќи ја нашата историја, нерегулиран работен стаж, изигрување од страна на некои туристички агенции, се само дел од проблемите со кои се соочуваат туристичките водичи.

Водичите велат дека за решавање на овие проблеми, со кои се соочуваат и други земји во регионот, од големо значење е ангажираноста на инспекциските служби.

 Туристичките водичи бараат решенија за надминување на слабостите во професијата.

Инаку по повод Меѓународниот ден на туристичките водичите 21 февруари беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Здружението на туристички водичи на Македонија,Завод и музеј и Капетанија на пристаништата.