Македонија
22. February 2025 - 8:26

Студено утро, преку ден сончево со мала облачност

Времето денеска наутро ќе биде многу студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност, поголема во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени Целзиусови.

И во Скопје наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне до 9 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од недела следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Од понеделник, пак, ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од слаб снег.