-->
-->
Светиот крст во Струга го фати Дарко Паскоски
-->
Триесет и петгодишниот Дарко Паскоски од Струга го фати Светиот крст во водите на Црн Дрим.
Во тековната година, како што рече, очекува духовно и телесно спасение. - Да помогне како за мене така и за сите кои се молат и веруваат во Господ Исус Хростос. Очекувам здравје, духовен убав и мирен живот. Најголемо богатство е што го фаќаме крстот, духовното и телесното спасение, изјави Паскоски.
Тој истакна дека скока скоро секоја година, а ова е второ негово фаќање на Светиот крст во Струга. По Светиот крст во Струга скокаа над 100 верници во ладните води на Црн Дрим, а водите ги освети митрополитот на Дебарско-Кичевската епархија, г. Тимотеј.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВРЕДИ на итна средба
-
Дали за ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ е прифатливо Таравари да остане во владата, ако излезе од ВРЕДИ?
-
Кос: И да го смените уставот нема гаранции дека нема да има нови услови
-
30 дена од трагедијата во Кочани
-
Продолжува владината посета на ОАЕ
-
Таравари останува во Вреди, но сам ќе оди на избори
-
Од петок трговците ќе ги објавуваат цените на интернет
-
Отворен и кариерен ден на УГД– Штип и Стопанска комора на Македонија