Македонија
18. April 2025 - 16:41

ЈКП „Водовод“ – Кочани се „дави“ во долгови, а нема ниту директор

ЈКП „Водовод“ од Кочани се „дави“ во долгови. Вкупниот долг изнесува околу 3 милиони евра, а во главно е акумулиран од неплатена електрична енергија и загуби на вода. Но, освен тоа долгот е генериран и од фактурирани, а не наплатени сметки за комунални услуги и тоа од државни институции.

- Имаме директори на училишта кои самите придонесуваат за катастрофаната состојба на ЈКП што за мене е не прифатливо. Ги имам бројките, н прифатливо е посебно училиштата кои добиваат блок дотации, наменски пари, истите да ги трошат за други работи, а не како што е предвидено за плаќање за комуналии. Имаме школи кои повеќе од 2 години не платиле сметки, дури има и училиште кое не платило уште од 2022 година, изјави Венко Крстевки, ВД градоначалник на Кочани

За состојбата да биде уште по алармантна, од пред 2 недели претпријатиетпо е без директор, зашто последниот кој ја извршуваше функцијата си даде оставка. 

- Буквално дезертирал во овие тешки моменти. Јас со директорот се познавам лично, но ќе му порачам, срам да му е. Поради таа ситуација, ние немаме можност да распишеме јавен конкурс бидејќи истата процедура трае повеќе од 30 дена, за да имаме транспарентен просец и да се јавуваат кандидати. . Токму затоа ќе бараме квалитетно и соодветно решение во следните неколку денови, додаде Крстевски.

Најбрз и најефикасен начин за излез од актуелната мат позиција во која се најде претпријатието, ќе се бара човек од внатре, кој најдобро ги познава проблемите и ќе може да работи на нивно решавање.