Предизборни партиски ветувања за подобар живот во општините
На помалку од еден месец до официјалнииот старт на изборната кампања, потврдените кандидати на партиите на интензивни средби со граѓани и најава на нивите приоритети.
Кандидатот за градоначалник на град Скопје од ВМРО ДПМНЕ, Орце Ѓоргиевски, најавува дека уште првите месеци ако добие мандатот фокус ќе стави на инфраструктурните проекти - завршување на клучката кај Момин Поток; изградба на кружен тек на улица „Бутелска“; нов парк кај булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ во Бутел и изградба на изградба на првата фаза на булевар „Хрватска“.
„Со силно темпо и динамика, како никогаш досега, ќе му донесеме на Скопје вистински сообраќајни решенија. Решенија кои ќе ја олеснат секојдневната циркулација, ќе го направат градот пофункционален, поврзан и жив. Ќе изградиме нови парковски содржини и зеленило за чист и убав град, а културата ќе ја подигнеме на едно високо ниво, онака како што доликува на една европска метропола,“ истакна Ѓоргиевски.
Противкандидатката на Ѓорѓиевски, Каја Шукова од најави целосна трансформација на ЗОО во современ, едукативен и хуман јавен простор. Шукова ветува, обнова и модернизација на живеалиштата, според највисоки стандарди за благосостојба на животните, како и Еко-центар, во кој децата и младите ќе можат да учат за природата, климатските промени и заштитата на живиот свет.
„Зоолошката градина треба да биде многу повеќе од место за прошетка. Таа треба да биде простор каде децата учат за животните и природата, каде семејствата се чувствуваат безбедно и пријатно, а животните живеат во достоинствени услови. Време е Зоолошката градина да прерасне во современа урбана средина која спојува едукација, екологија, заштита на животните и семејни вредности.“, изјави Шукова.
Во албанскиот блок најголеми препукувања има во скопски Чаир.
Изет Меџити најавува менување на ликот на Чаир во европска зелена општина, преку нови фасади на зградите, помош за ранливите категории за менување на прозорите и поддршка за граѓанските енргетски заедници.
Бујар Османи од ДУИ најави решение и за проблемот со бездомните кучиња во Чаир.Според него овие избори биле референдум за Европа, а не за олигархијата и „српскиот свет“. Повика на консензус за евроинтеграциите и да запрат политичките поделби. Ја обвини владата свесно го кочи интегративниот процес.
Кампањата на првиот круг на локалните избори започнува на 29 септември.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар