Свечена академија за 70 години Народна техника
Сојузот на здруженијата за техничка култура на Република Македонија-Народна техника денеска со свечена академија во Домот на АРМ ќе одбележи 70 години постоење. Ќе бидат доделени плакети, признанија и благодарници за најистакнатите членови и активисти, како и за фирми и организации кои помогнале за афирмација и ширење на техничката култура во Македонија.
Народна техника е една од најстарите организации, основана во 1946 година. Во изминатите седум децении организирала активности за поттикнување на творештвото, креативноста и ангажманот на младите и возрасни лица во областа на техничките дисциплини, за што се организирани голем број школи за техничка култура, обуки, натпревари, изложби, демонстрации, смотри, курсеви и предавања. Народна техника денес е најмасовната невладина организација.
Низ системот на едукација, надградба, натпревари, изложби, фестивали поминале над 500.000 млади лица од сите сфери на науката и техниката. Над 5.000 просветни, научни и други стручни работници денес доброволно се вклучени во остварување и развивање на новите технички знаења, пред се кај младите во основното и во средното образование.
Меѓу манифестациите на Народна техника се Државниот натпревар на младите истражувачи од Македонија-Наука на млади, Државен натпревар на младите техничари и природници, МАКИНОВА и ЕКОНОВА, Државен натпревар за непрофесионален филм, Меѓународен фестивал на непрофесионален филм „Камера 300“, Државен натпревар на трактористите, Државниот натпревар на радиоаматери и меѓународен натпревар за АРГ, Денови на македонска фотографија и Меѓународната изложба на фотографија ФОТОМЕДИА.
Во рамки на одбележувањето на јубилејот, идната недела ќе биде објавена монографијата „70 години СЗТКМ – Народна техника на Македонија 1946-2016“, која ќе ги опфати позначајните активности и остварувања на 14 регионални центри и деветте струкови сојузи кои работат под Народна техника на Македонија.
Ново на Сител
-
По две недели, трагедијата во Кочани во центар на вниманието на пратениците
-
Распит на сведоци и вештачења за пожарот во Кочани
-
Еден од најтешко повредените во дискотеката во Кочани е подобар, тројца и понатаму се во критична состојба
-
Таравари пред одлука: Дали вреди да се биде во „Вреди“
-
30 дневен притвор за обезбедувањето на Мицкоски се обидел да земе 50.000 евра за службените документи
-
На сметките на пензионерите легнаа повисоки пензии за 2.500 денари
-
Трендафилов со предлог - И јас и пратениците да земаме 500 евра плата, но и работниците да добијат толку
-
Државата ќе им исплаќа субвенциониран оброк и на вработените студенти со плата под минималната