Судскиот совет избра претседатели на три судови
Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница ги избра Љиљана Ивановска Шопова за претседател на Апелацискиот суд Скопје, Костадин Петров за претседател на Основниот суд Радовиш и Емилија Буриќ Прошева за претседател на Основниот суд Берово.
Во денешното соопштение од Судскиот совет е наведено дека за претседатели на транспарентен начин ги избра кандидатите кои ги исполнуваат условите и критериумите утврдени со Законот за судовите, во постапка и на начин утврдена во Законот и Деловникот за работа на СС.
- Советот со гласање за претседатели ги избира кандидатите кои покрај другите услови и критериуми - истите во последните две години од страна на Судскиот совет преку АКМИС системот беа оценети со највисока позитивна оцена и во однос на другите кандидати имаат добиено најголем број бодови, се вели во соопштението.
Честитајќи им го изборот, претседателот на СС Бранко Ушковски од свое лично име и од името на членовите на Советот, изразил надеж дека избраните претседатели ќе ја оправдаат довербата која им е укажана.
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати