Судот во Будимпешта ја одби екстрадицијата на Груевски
Поранешниот премиер Никола Груевски нема да биде екстрадиран од Унгарија. Вака одлучил Судот во Будимпешта бидејќи, како што јавија унгарските медиуми, не биле исполнети условите за негова екстрадиција во Република Северна Македонија.
Медиумите во Унгарија објавија фотографии и видео од Груевски во судот, каде тој во судницата седи со наочари за сонце и капче. Дел од медиумите во Унгарија објавија дека Груевски утринава бил уапсен за одлучување по барањето за екстрација, а при доаѓањето во судот тој одел со рацете покрини со палто, следен од две лица.
Унгарските власти минатата недела го информирале Министерството за правда на Република Северна Македонија дека го добиле комплетираното барање за екстрадиција.
Груевски откако беше осуден на двегодишна затворска казна за предметот на СЈО, „Тенк“ пребега и доби азил во Унгарија.
Јавното обвинителство го обвини Груевски дека ги организирал насилствата на 27-ми април во Собранието, а Министерството за правда ја испрати до унгарските власти новата екстрадиција и за овој предмет.
Ново на Сител
-
80 години од прогласувањето на македонскиот јазик како службен
-
„Мојот антикорупциски дневник“ - Младите против корупцијата преку едукација и отпорност
-
Хотелиерите оптимисти околу изградбата на автопатот
-
Преглед на вестите од светот
-
Банките чекаат официјален допис, бизнисот условите за унгарскиот кредит
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Поставена биста на Димитар Влахов пред седиштето на СПМ
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - Има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче