Суд во Хаг ќе решава за одговорноста на Холандија за Сребреница
Суд во Хаг денеска треба да се произнесе по жалбата за одговорноста на Холандија за убиството на илјадници муслимани во босанскиот град Сребреница пред повеќе од 20 години, јави ДПА.
Роднини на жртвите ја тужеа Холандија за улогата на мировниците од холандскиот контингент на ОН стационирани во градот во јули 1995 година за време на Војната во Босна, кога паравоените сили на боснаските Срби во Сребреница убија околу 8.000 мажи и момчиња и протераа илјадници жени, деца и старци од нивните домови.
Окружниот суд во Хаг пред три години одлучи дека холандските мировници требало да ги заштитат 300-те Бошњаци, засолнети во базата на ОН, а не да ги предадат на српските сили.
Веќе донесената пресуда беше обжалена од роднините, кои бараат одговорност за жртвите во Сребреница како од Холандија, така и од холандската Влада.
Сребреница и околните села бе претежноа населени со Бошњаци, во доминантно српската источна Босна.
Ново на Сител
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа