Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
Над десетина европски лидери, вклучувајќи го и Зеленски денеска присуствуваат на Лондонскиот самит чиј домаќин е британскиот премиер Кир Стармер, на тема ставање крај на војната во Украина и европската безбедност.
Самитот следи по тензичниот разговор кој ескалираше во Овалната собра помеѓу Зеленски и американскиот претседател Трамп. На европските лидери ќе им бидат пренесени заклучоците од разговорите помеѓу Стармер, Макрон и Трамп минатата недела.
Стармер кажа дека заедно со францускиот претседател и Макрон и Киев подготвуваат план за мир, кој подоцна ќе биде презентиран и пред САД.
Рускиот министер за надворешни работи пак, денеска ја нападна Европа за нејзините напори да го продолжи конфликтот. За Трамп вели дека е прагматичен, но дека Ваингтон и Мосва никогаш нема да се договорат за се, но дека се согласиле да бидат прагматични кога интересите ќе се поклопат.
На денешниот Самит поканети се Германија, Полска, Финска, Данска, Италија, Шпанија, Турција и други европски земји, како и претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на ЕВропскиот совет Антонио Кошта и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар