-->
-->
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-->
Важно е Канада да е тука со нашите сојузници додека разговараме за одбраната на Украина. Секој има важна улога во овој заеднички напор, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо, по Самитот за Украина во Лондон.
Тој, на прашањето за улогата на Канада во најавената коалиција за одбрана на Украина, истакна дека неговата земја „од самиот почеток е помеѓу најсилните поддржувачи на Украина“.
Трудо потсети дека повеќе од десет години ги обучува украинските одбранбени сили.
– Канада ќе продолжи да игра значајна улога. Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно, посочи Трудо.
Тој истакна дека Украина не ја брани само својата територија, туку ги брани самите принципи и вредности, кои се основа на нашите демократии“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено
-
Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина оваа година
-
Запленета брендирана стока, приведен 30-годишник од Крива Паланка | ФОТО
-
Приведен 22-годишник од Гевгелија, при претрес на неговиот дом најдена е дрога
-
Нови правила за транспарентност за моделите на вештачка интелигенција во ЕУ
-
Судот во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот
-
Трамп вели дека Пауел од ФЕД треба да поднесе оставка
-
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова: Илинден е сржта на македонската историја, срцето на македонската република