Субвенции за овоштарите од почетокот на наредната недела
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека денеска се изготвени решенијата за исплата на 544 овоштари во висина од 28 милиони денари. Производителите ќе ги добијат парите на почетокот на следната недела.
- Ги информираме и останатите земјоделци дека освен за овоштарство, изготвени се и решенијата за исплата на субвенции за лозарство и за штетите од невремето во општина Гази Баба. Исплатата и на овие субвенции ќе биде на почетокот на следната недела, соопшти попладнево МЗШВ.
Министерството истакнува дека е свесно за состојбата во која се наоѓаат овоштарите од преспанскиот регион и дека поради тоа се прават напори да им се излезе во пресрет на земјоделците и на нивните барања.
Во врска со исплатата на обесштетувањето за ланските пролетни мразеви во преспанскиот регион, Министерството соопшти дека подготвило Информација која ќе се разгледува на една од следните седници на Владата.
- Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува да работи во интерес на земјоделците и земјоделското производство како важна стратешка гранка. Владата на Република Македонија ќе делува континуирано во делот на интервенциите и решавање на проблемите во земјоделството, тогаш кога ќе биде потребно, се посочува во соопштението.
Ново на Сител
-
Прв говор на папата Лав Четрнаести: Бог нè сака сите, безусловно
-
Девизните резерви на крајот на април 4,77 милијарди евра
-
Македонските ракометари ја совладаа Естонија во евроквалификациите
-
Американецот Роберт Превост е новиот папа, со избрано име Лав 14
-
Кардиналот Ре се надева дека вечерва ќе биде избран новиот папа
-
Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара
-
Кривична против 39-годишник, ја следел неговата поранешна партнерка и упатувал закани преку пораки
-
Кривична за сопственик на фирма, работник без работна дозвола се заглавил во работна машина и починал