Македонија
1. February 2023 - 12:22

Субвенции ќе има и за поддршка на домашниот туризам

Со нов модел на субвенционирање до развој на домашниот пазар и подобрување на услугите на хотелите. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот планира воведување на субвенции  за домашните тур оператори. Субвенциите ќе има овозможат поголема сигурност но и предизвик домашните туристи преку аранжаманите вонсезонски да ги посетуваат нашите туристички места наместо да одат во соседните земји.

Ова вложување  во домашниот туризам се очекува  наредните две до три години да генерира повеќе од половина милион ноќевања. Само три отсто од домашните тур-оператори ја продаваат земјава како дестинација

Агенцијата најавува нов модел за субвенционирање и на странските тур оператори. Плаќањето да се врши по категоризација, и цената да биде различна во шпицот и вон сезоната.