Јаневска: Дел од приватните факултети штанцаат дипломи – тоа е јавна тајна
Јавна тајна е дека дел од приватните факултети штанцаат дипломи. Министерката за образование и наука со остра реторика на панел дискусијата Македонија 2025 за функционирањето на приватните универзитети. Посочи дека некои приватни високи образовни установи фунционираат како трговски претпријатија, но Владата им се спротиставила на сите кои не работеле според закон.
„Јавна тајна е луѓето кога се наоѓаат во приватен круг на личности дека се стекнале со такви дипломи. Но, како што кажав, тешко се докажува, бидејќи едната и другата страна е учесник, и двете страни треба да одговараат, тоа е криминално дело“, Весна Јаневска, министерка за образование и наука.
Потсети дека клуч на врата има за 13 институти, а десеттина други се под мониторинг - дали правилно работат. За да се променат состојбите и надополнат пропустите треба да се променат повеќе закони.
Меѓу другото, министерката на панел дискусијата акцентираше дека наставните програми и учебници, мотивиран наставен кадар и инфраструктурата се трите столба кои го покажуваат квалитетот на наставата.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар