Студиски ден: Дебатата клучна алатка во процесот на помирување
Дебатата е клучен инструмент во процесот на помирување, а во него треба да се вклучат сите групи во постконфликтните општества. Историчарите имаат многу важна улога во тој процес, но тој е пред се политички и подразбира трансформација на самото општество.
Ова меѓу другото беше истакнато на студискиот ден насловен „Национална/и криза/и и помирување/а“ организиран од Францускиот институт и Амбасадата на Франција во Македонија во соработка со правните факултети од повеќе универзитети во земјата и невладини организации.
Професорката на Факултетот за политички науки во Лил, Ан Базен, која го водеше студускиот ден, истакна дека постојат различни научни пристапи за тоа што е најважно за постигнување на помирување во постконфликтни општества, но и голем број прашања за кои може да се разговара меѓу кои и дали тој процес може да се оконча и дали е можен граѓански заеднички интерес и заедничка иднина, имајќи ги притоа предвид, вели, и големиот број моменти од минатото кои што се дел од идентитетот на денешна Македонија.
- Консолидирањето на демократијата е период кој следи по транзицијата. Во случајот на Македонија граѓаните треба да сфатат дека вреди да се гласа, да се членува во разни асоцијации, да учествуваме во јавните дебати, бидејќи целта е заедничка, истакнува Базен.
За раазочарувањето во демократијата, Базен оценува дека е резултат на преголемите очекувања. Сето тоа резултираше со губење на довербата во институциите, во одговорните политички луѓе и сето тоа е поврзано со максималистичкото разбирање на демократијата.
Во политички контекст, кој е значаен за процесот на помирување од суштвиско значење е обезбедување простор за дебатирање. Мора да имаме голем број актери, независни медиуми, елити кои што ќе учествуваат во градење на заедничкото добро.
Процесите на помирување и на транзицијата, Базен посочува, дека во Македонија веќе 20 години беа поддржани од надворешните актери. Тоа го наметнува и прашањето за тоа кој е капацитетот на политичките актери, на граѓанското општетсвото и на други лица да учествуваат во овој процес на помирување.
Доминик Готје аташе за соработка од Француската амбасада вели дека процесот на помирување треба да се осмили и е неограничен а тоа го покажуваат и Германија и Франција, така што вели нема други можности освен дебатирањето, а историјата и геополитиката изобилуваат со вакви примери.
- Со дебатирање ние ќе одиме напред во поглед на уставните прашања, судските, социјалните, општетсвените прашања со цел да се ослободат сите тие енергии кои што беа стерилни во размената, вели Готје.
На семинарот учествуваа интелектуалци од универзитетската сфера од Македонија, од Франција, од невладини организации, како и студенти од правните факултети во Скопје, Тетово и Битола.
Ново на Сител
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка
-
Филков чека одговор од СДСМ за реформските закони
-
Костадиновски: Уставниот суд е најнереформирана институција од независноста на Македонија
-
Ако маркетите драстично ги зголемат цените ќе следуваат поригорозни мерки
-
Спречен колапс на македонскиот електросистем за време на велигденските празници
-
Наставниците стравуваат дека ќе останат без работа со новиот закон за основно образование