Студено со дожд, снег на планините и на повисоките места
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд. На некои од повисоките места ќе има врнежи од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната од 4 до 11 степени.
Во Скопје облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Според УХМР, под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. На планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух денеска ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места.
За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз