Струшките пензионери ги подигнаа зголемените пензии
Околу 3.200 пензионери во Струга денеска ги земаа септемвриските пензии, повисоки за 621 денар.
Покрај големата гужва на банкарските шалтери и чекањето во редови, пенизонерите со насмевка го коментираат последното зголемување и поддршката што ја добиваат од Владата во изминатите години.
- Она што ни го ветија пред неколку месеци и го исполнија. Денеска земав пензија поголема за околу 600 денари, што значително се забележува на сметката, вели пензионерот Јован Димоски.
И Велика Наумоска, пензионер од Струга го поздрави зголемувањето со очекување дека ќе биде изреализирано ветеното и за следната година.
- Досега кога ќе ветеа и ни ги зголемуваа пензиите. Се надевам дека истото ќе го направат и за догодина, ни требаат пари за храна, лекови..., изјави Наумоска.
Со ова зголемување просечната македонска пензија изнесува 13.000 денари. Владата најави ново зголемување од 650 денари за окотомври 2016 година.
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати