Страницата „Дикшнери“ го прогласи зборот на годината
Интернет страницата „Дикшнери“ го прогласи англискиот збор „misinformation“ за збор на годината, наместо неговиот речиси синоним – „disinformation“ (со значење – погрешна, лажна информација).
Лингвистката Џејн Соломон изјави дека тоа е намерно така направено, за да се задржи актуелноста на борбата против лажните вести.
– Распространувањето податоци кои водат до погрешен заклучок, е нов голем предизвик за животот во 2018 година… „Дезинформација“, исто така беше многу употребуван збор годинава, но намерната селекција информации која има за цел – насочување кон погрешен заклучок, беше многу намерна, смета таа.
Разликата меѓу двата поима, според лингвистката, е тоа што со „дезинформацијата“ се влијае на однесувањето и размислувањето на другите, а „мисинформацијата“ влијае не само на целта, туку и на однесувањето, верувањата и убедувањата на тој што ја распространува, па потоа на тие што ја прифаќаат.
– Така, вие и натаму можете да бидете добра личност, а да ширите податоци кои водат до погрешен заклучок, додава таа.
Ново на Сител
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот