Столтенберг: Сите земји-членки на НАТО ја поддржуваат Турција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Стролтенберг и премиерот на Турција Ахмет Давутоглу на денешната средба разговараа за итните меѓународни прашања, вклучително кризата во Сирија и минатонеделниот инцидент, соборувањето на рускиот воен авион.
- Сите земји-членки на НАТО го поддржуваат турското право да го одбрани својот територијален интегритет и воздушен простор, изјави Столтенберг по средбата во седиштето на Алијансата.
Тој додаде дека ги поддржува и напорите на Анкара за воспоставување на контакт со Москва и смирување на ситуацијата.
- Важно е да се смират тензиите, посочи Столтенберг.
Генералниот секретар на НАТО истакна и дека во иднина треба да се избегнуваат сличните ситуации.
- Инцидентот од минатата недела покажа колку е важно да се зајакнат меѓународните механизми за да се изгради стабилност, транспарентност и предвидливост во нашите односи со Русија. Тоа е клучно за да се намали ризикот од инциденти и несреќи, наведе Столтенберг.
Прашањата за намалување на ризиците и транспартентност на воените активности ќе се разгледуваат на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, што ќе се одржи на 1. и 2. декември.
Столтенберг апелира и Русија да има конструктивна улога во Сирија во борбата против Исламска држава.
Ново на Сител
-

Почна метеоролошката зима, календарската доаѓа за дваесет дена
-

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии
-

УЈП: Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан
-

За 12 часа регистрирани над 65.000 сообраќајни прекршоци
-

Лишено од слобода лицето што му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник
-

Милевски повеќе не е селектор на македонската репрезентација
-

Нормализиран сообраќајот на ГП Дојран
-

За еден денар поевтинуваат дизел горивата
