-->
-->
Столтенберг: Кога светот се менува и НАТО мора да се менува
-->
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во пресрет на почетокот на дводневниот самит во полскиот главен град Варшава изјави дека „живееме во опасен свет, со целиот тероризам и немирите, кои се случуваат“.
Столтенберг истакна дека тоа посебно се однесува на областите јужно во однос на Алијансата, на Ирак, Сирија, Северна Африка.
- Но исто така и на Русија која има повеќе самодоверба, Русија која три пати ги зголеми давачките во сферата на одбраната и која примени сила кон независна нација во Европа, Украина, вели Столтенберг.
Тој смета дека сето тоа го променило „нашето безбедносно опкружување“.
- НАТО мора да одговори. Кога светот се менува и ние мораме да се менуваме, рече генералниот секретар на Алијансата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
-
Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска
-
Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен
-
Аpсовска се соочи со напаѓачот Јамалари – тој не чувствува вина за нападот
-
Кривична пријава за градоначалникот на Кичево – Дехари свесно направил депонија во градот
-
Меџити влегува во изборна трка за Чаир – ДУИ бара преизборен ветинг
-
ССМ на утрешната седница на ЕСС ќе бара 500 евра минимална плата – Премиерот изјави дека платите ќе растат
-
Министерката Јаневска и премиерот на увид во градежните работи во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“