Стоилковски: Сите политичари кои се сопственици на компании, суштински да ги отуѓат
Октоподот на власт чие што седиште е зад мене може да се изучува како пример за јавни функционери кои што ја злоупотребуваат моќ и позиција за сопствените бизниси.
Оваа власт само во премиерската фотелја има бизнисмен со јавен или сокриен удел во најмалку 12 семејни компании од производство на ајвар, па за транспорт, за ископ, полиња со марихуана.
Се додека има политичари кои истовремено се и јавни функционери, постои можност а и перцепција за злоупотреба на позицијата на моќ. Забележително е како на одредени компании дел до кланот на власт веднаш им тргна бизнисот.
Сите политичари кои вршат јавни функции, доколку се сопственици, косопственици или пак акционери во одредени компании, суштински да ги отуѓат, бидејќи отвораат можност за корупција и за влијание на одредени економски Текови во државата.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го отуѓи уделот и повеќе не е сопственик на компанија.
Бараме и очекуваме, Зоран Заев како лидер на СДСМ и премиер на Република Македонија суштински да се оттргне и да се отуѓи за почеток од:
Фарма Медика, Тргопродукт, Мамас Фуд, Омни Градба, Центроштепед, Тотал електроник, Еленица, Пеон, Сара Јавор, Тотал Инженеринг, Сара Инженеринг, Дравас Инженеринг, Електро Инженеринг.
Ова се само дел од компаниите во сопственост на кланот Заеви, а имајќи го предвид имотниот лист и изјавите на Заев дека живеат во заедница со братот и родителите, неговото учество и удел во бизнисот додека е избран функционер е и повеќе од суштинско.
Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Движењето ЗНАМ ги објави кандидатите Максим Димитриевски за Куманово, Мирослав Лабудовиќ за Центар
-
Тема на денот со Јаким Неделков, претседател на СОНК
-
Седница на Комисијата за надзор на АНБ сепак ќе се одржи во среда
-
Кошта смета дека Македонија треба да добие гаранции за евроинтегративниот пат
-
Одложена Комисијата за надзор на АНБ
-
Левица објави 5 кандидати за скопските општини
-
Лекарска комора ќе прави вонреден стручен надзор по добивање на документацијата за 8-те сомнителни случаи
-
Вардариште повторно гори, партиите се препукуваат