Стоилковски: ДС да признаат дали имале притисоци од СДСМ за нивни функционери да паркираат бесплатно
Демократскиот сојуз признава дека постојат овие списоци, ама се уште се обидува да биде брана за СДСМ/ДУИ. Она што го претставуваа за паушално од вчера има и потврда од нив самите дека овие списоци се вистинити и дека постојат.
Демократскиот сојуз треба да излезе и јавно да каже дали членовите на претседателството на партијата обезбедувале бесплатни услуги за функционери од Демократскиот сојуз, СДСМ, ДУИ и останатите пратии на власт?
Зошто зад името на директорот и неговиот заменик, високи партиски функционери на Демократскиот сојуз Кроневски и Јакимовски, како и на Славчо Јакимовски стојат имињата на шефот на кабинет на Ковачевски, Мартин Попов, како и на табличката на неговиот автомобил Голф 6, името на Миле Зечевиќ и неговото возило, стои името на Душко Весковски од Водовод, или на Златко Марин или секретарот на СДСМ во Аеродром?
Демократскиот сојуз треба да каже дали е точно дека цела една катна гаража функционирала на грбот на граѓаните за да може функционери од СДСМ, ДУИ, Демократскиот сојуз и останатите од власта и нивни семејства да паркираат бесплатно приватни возила?
Демократскиот сојуз треба да признаат дали имале притисоци од СДСМ и од коалициските парнтери за да нивни функционери да паркираат бесплатно било каде во Скопје или сето тоабило врз база на трговија со влијанија?
Без прецизен одговор, Демократскиот сојуз продолжува да биде привезок на власта и заштитник на криминалот и корупцијата на штета на граѓаните.
Паркингот поскапе за сите, за да може функционери од партиите на власт да паркираат бесплатно каде ќе стигнат во Скопје. Демократскиот сојуз е дел од власта за да обезбедува бенефиции за себе и за функционери од СДСМ и ДУИ врз грбот на граѓаните.
Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ЦУК: Гори депонијата во Вардариште
-
Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе
-
Скопјанец удрил во заштитна ограда на исклучокот од патот Прилеп - Градско и ја качил на покривот на возилото
-
Кривична пријава за скопјанец кој преку веб страница продавал билети за непостоечки концерт
-
Лихвари од Скопје за 30.000 евра изнудиле 300.000 евра од кумановец
-
Безживотно тело на маж пронајдено покриено со земја и предмети во Кавадарци
-
Убиство во Бардовци
-
Посмртните останки на Душко Чифлиганец ќе бидат изложени утре во црквата „Св. Јован Крстител“ во Аеродром